Полициски час од 17 часот до 5 часот следниот ден е можен од претстојниов петок до понеделник, односно во текот на претстојниот викенд, пишува „Фактор.мк“. Извор за порталот вели дека се размислувало и за целосен локдаун за време на викендот, но тоа е малку веројатно. Од друга страна, извесно е заострување на рестриктивните мерки, тврди истиот.
Причината се зголемениот број на семејни собири, но пред сѐ, полните кафулиња и рестораните за време на викендите.
Вчера и д-р Пановски повика на затворање на кафулињата и рестораните, односно угостителски објекти (но и фитнес-центрите, обложувалниците итн.), бидејќи, како што вели, очигледно е дека протоколите не се почитуваат.
Повеќе за можните рестрикции, ТУКА.