Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ избега од салата, доверба на Владата ѝ беше изгласана без ниту еден глас против

„Пред целата јавност, овде во законодавниот дом, во храмот на демократијата, се распадна една голема, долго повторувана лага на ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски. Ја расчистивме маглата, се потврди реалноста, победи вистината. Владејачкото мнозинство е стабилно и со тенденција да се зголемува во наредниот период“, порача денеска портпаролот и пратеник на СДСМ – Костадин Костадинов, од собраниската прес-сала.

„Северна Македонија има стабилна власт и разнишана опозиција. Ете толку беа лагите на ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Мицкоски дека имале мнозинство во Собранието, дека владата само што не паднала. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера избегаа од салата. Ова е изгласана доверба на Владата без ниту еден глас против. Антинародното антидржавно ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски доживеа дебакл, како меур од сапуница пукнаа нивните лаги со кои со месеци ја замајуваа јавноста“, рече Костадинов.

Прочитајте и:  СДСМ: Разрешувањето на Рамука е само еден чекор, тој мора и законски да одговара

Според него, ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како најголемиот кочничар на реформите, мерките и политиките што се во интерес на граѓаните, но сѐ уште има простор „да се вразуми“.

„Мицкоски проблемите и фрустрациите нека си ги решава внатре во белата палата, а не на грбот на граѓаните, не преку блокади на Собранието. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да покажат доблест после овој пораз и да почнат да работат во интерес на граѓаните. Сѐ уште имаат шанса да научат важна лекција, а тоа е дека со опструкции, со блокади, со кочења, не се доаѓа на власт. Освен штета за граѓаните, со опструкции не се постигнува ништо. Имаат шанса пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат.

Со или без ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваме да носиме законски решенија важни за нашата иднина и нашата држава“, порача пратеникот.

- Реклама -