Османи ги повика Бугарите во Македонија да побараат посебна графа на пописот: „Никој не смее да ги загрозува правата на бугарската заедница“

„Република Северна Македонија има исклучително успешен модел на мултиетничко општество. Покрај колективните права на поголемите заедници, постојат функционални механизми за заштита и на помалите етнички заедници. Во ова смисла никој не смее да ги загрозува правата на бугарската заедница во земјава, и нивната посебност; напротив, граѓанските организации треба да бидат охрабрени да соработуваат со властите и да бидат внесени во сите механизми за остварување на своите колективните права“, пишува министерот за надворешни работи Бујар Османи, по повод темата за односот и правата на бугарската заедница во земјава, која деновиве се наметна во јавноста, пред сѐ по заслуга на „одредени граѓански здруженија“ во земјава и одредени официјални претставници на Република Бугарија, како што вели Османи.

Прочитајте и:  Мицкоски: Нашите аргументи му се предочени на Радев, очекувам добрососедство и до крајот на годинава да го продолжиме нашиот процес

Тој ги повика овие здруженија да побараат соодветна графа на пописот:

„Уште веднаш, претставниците на овие здруженија треба да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа во рамките на пописот, со цел утврдување на квантитативната, демографската и географска дистрибуција на оваа засебна заедница, што би придонело значајно при формирањето на идните политики и на Владата, и на соодветните единици на локалната самоуправа и воопшто на државата“, порача Османи.

- Реклама -