Радев ги свикал безбедносните служби за да преземат мерки за „повредите на правата на Бугарите во Македонија“

„Преземање навремени мерки за заштита на правата на бугарските граѓани во странство, кои се предмет на напади само поради својата национална самосвест“ – била темата на денешниот состанок на бугарскиот претседател Румен Радев со шефовите на бугарските безбедносни служби, на кој присуствувала и потпретседателката Илијана Јотова, соопшти неговиот кабинет.

Како што се наведува во соопштението, поводот за средбата е писмото испратено до него од страна на Културниот центар „Иван Михајлов“ – Битола (од каде неодамна предложија за граѓаните што ќе се изјаснат како Бугари на претстојниот попис да има поедноставена процедура за добивање бугарско државјанство), но и лични поплаки на Бугари од земјава – за зачестени повреди на нивните права само поради фактот што се самоопределуваат како етнички Бугари.

Прочитајте и:  Мицкоски: Од црвените линии не мрдаме ни милиметар, ако ЕУ сака да е заложник на Бугарија нека не остават да си ги решиме домашните проблеми
- Реклама -