Мицкоски е позитивен на корона, иако пред три месеци имал антитела

„По забележаните првични полесни симптоми, ги добив резултатите од тестирањето кои покажуваат дека сум позитивен на вирусот Ковид-19“, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, денеска на Фејсбук.

„Иако ги почитував препораките на здравствените лица, сепак се покажа дека не секогаш тоа е доволно. Чувајте го вашето здравје. Ќе го поминам и ова и на крај ќе победиме за нашата иднина!“, порача Мицкоски.

Пред 3 месеци, пак, во гостување во „Click Plus“ на „ТВ21“, Мицкоски истакна дека серолошките тестови што ги направил покажале дека има доволна количина антитела:

„Што ми рече еден доктор, вели имаш штит, ковид штит“, рече тој во ноември.

Прочитајте и:  Мицкоски: Ахмети и ДУИ стануваат фактор на нестабилност на дневна основа, но Албанците се свесни што правеа додека беа на власт
- Реклама -