Премиерот Зоран Заев и актуелен претседател на Социјалдемократски сојуз на Македонија, денеска ја доставил својата кандидатура за уште еден мандат за претседател на партијата, информираше тој. Како што вели Заев, пред членовите на партијата излегува сo програмата „Нова политика – СДСМ прв во промените!“.
„Ја барам поддршка за нов мандат како претседател, на првите директни внатрепартиски избори што ќе се одржат на 21 март. Доколку ја добијам довербата, со мојот нов мандат, најавувам досега најголема политичка акција за промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја, почнувајќи токму од СДСМ
Нова политика – Пролетна офанзива за нов пресврт во политичкото делување на СДСМ и Република Северна Македонија. 🇲🇰“, порача Заев.