Филипче му заблагодари на премиерот Заев за донацијата од 12.5 илјади евра од Хесенската награда во ковид фондот

„Во свое лично име, во име на Министерството за здравство и сите оние кои се на првата линија во борбата со Ковид-19, упатувам благодарност до премиерот Зоран Заев за неговото лично учество во оваа заедничка акција“, напиша министерот за здравство Венко Филипче денеска на Фејсбук.

Како што потсети и тој, донацијата беше најавена уште кога на Заев и Ципрас им беше доделена Хесенската награда за мир во декември минатата година.

„Премиерот, својот дел од Хесенската мировна награда која ја добија со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во висина од 12.500 евра, ја донираше во солидарниот фонд за справување со Ковид-19.

Огромен број заедници, компании, но и индивидуалци се приклучија преку оваа иницијатива во заедничкото справување со планетарната криза.

Прочитајте и:  Филипче: Нема да дозволиме враќање на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури

Солидарноста е клучна во периодот кој следува и нашето општество мора да функционира како едно“, порача Филипче.

- Реклама -