Со еднојазично видео и владино лого Груби се пофали за двојазичноста на Коридорот 8

Коридорот 8 ќе ја рефлектира јазичната еднаквост во државата, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците – Артан Груби, при увидот што го изврши во замената на старите еднојазични со нови тријазични патокази, заедно со со директорот на „Македонија пат“ – Беким Мемети, директорот на „Државни патишта“ – Ејуп Рустеми и директорот на Агенцијата за спроведување на јазикот – Илбер Села.

Новите патоказни табли се напишани на македонски, албански и англиски јазик. Како што истакна Груби, на последната владина седница била усвоена одлуката со која Коридорот 8 се решава во форма на автопат во целост, при што ќе вклучува и трета лента на автопатот на патот Тетово-Гостивар, како и изградба на автопат од Гостивар до Кичево, автопат од Кичево до Охрид и Охрид-Струга-Ќафасан.

Прочитајте и:  Стоилковиќ: Во Министерството за односи меѓу заедниците недостасувале 40.000 евра

Според вицепремиерот, тоа ќе значи дека нашите граѓани, од Ќафасан до Блаце со Република Косово или до другите граници, ќе се возат по модерен автопат, а модернизацијата и реконструкцијата на Коридорот 8 ќе бидат од особено економско и значење за регионалното поврзување и соработка. Воедно, со тоа продолжуваат и инвестициите во насока на подобрување на квалитетот на патната мрежа и зголемување на безбедноста, во согласност со правилата на ЕУ, истакна Груби.

Во меѓувреме, тој се пофали и со видео (додуша еднојазично) на Фејсбук:

„Еднаквост и во коридорот 8.  Од Табаноце до Ќафасан, сите патокази се и на Албански јазик. Сѐ се постигнува преку меѓуинституционална соработка. Ги остваруваме нашите ветувања“, напиша Груби.

- Реклама -