Горан Пандев вечерва постигна два гола во дуелот со Наполи, и практично сам донесе триумф од 2:1 на неговиот тим Џенова.
Тоа беше пресметка меѓу Пандев од едната страна, и Елиф Елмас од другата страна која ја доби постариот, и со тоа стана најдобриот стрелец во Серија „А“ од играчите од поранешните југословенски земји. Стигна до бројката 97 гола во најдобрата италијанска лига.
Пандев головите ги постигна во првиот дел, а не се радуваше како знак на почит кон неговиот поранешен тим. Во второто полувреме Наполи успеа само да намали.
Во финишот од средбата Наполи преку Елмас имаше шанса да израмни и да дојде до бод, но не успеа, па така помладиот од Македонците на теренот во Џенова, остана со празни раце.