ПО 2.000-2.500 ГРАЃАНИ НА ДЕН ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19, ВО НАЈБРЗО ВРЕМЕ ГИ ЧЕКАМЕ КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ
По 2.000 до 2.500 граѓани на ден ќе се вакцираат против ковид-19 со кинеските вакцини кои се очекува да стигнат во најбрзо време, рече денеска на прес-конференција во Владата министерот за здравство Венко Филипче. Закажувањето за вакцини ќе оди преку Мој термин, и тоа на 10 минути.
Министерот кажа дека на вчерашната затворена владина седница е донесена одлуката за набавка на 200.000 кинески вакцини, а в понеделник Министерството за здравство ќе го потпише договорот, и како што рече тој, очекува во најбрзо време да стигнат.
Претставувајќи го националниот план за вакцинација, Филипче кажа дека здравствениот систем е спремен за транспортот од аеродром сѐ до вакциналните пунктови, а подготвени се и ладните соби и комбињата со оглед на тоа дека оваа вакцина се чува на температура од 2 до 8 степени.
Први ќе се вакцинира најризичната група на граѓани, во која има две подгрупи, а во првата се здравствените работници кои работат со ковид пациенти.
Освен кинеската, засега е познато дека вакцината на „АстраЗенека“ во Македонија ќе дојде во март и тоа ќе биде првата првата количина испорачана преку КОВАКС системот. Според информациите од КОВАКС, за земјава се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози од оваа вакцина, од кои околу 35% треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината.
Sdk.mk