Првиот човек на собраниската комисија за здравство Арбен Зибери е скептик дека ќе профонкционира ковакс на СЗО преку кој Македонија треба да добие над 800 000 вакцини.
Сепак вели дека со измените во законот кои вчера добија зелено светло во парламентот Македонија ќе може во најбрз рок да ги добие вакцините од Србија и од директните преговори со Фајзер.
– Во февруари ќе почнеме со давање на вакцината и земјите каде е почната вакцинацијата се членки на ЕУ. Во Србија се користат кинески вакцини и има претставништво Фајзер. Фокусот на Фајзер и сите компании сигурно е поголемиот пазар и ова е глобален проблем.“ дека е скептик делот – вели Зибери.
Глобалниот механизам Ковакс, според последните информации не се очекува да стане оперативен пред летото. Ниедна служба на Европската комисија не е во можност да даде конкретен одговор кога, Македонија може да ја очекува ветената поддршка од вакцини.
Во меѓувреме, Македонија ја чека Кинеската вакцина за која во тек се преговрите на министерството за здравство.
Од друга страна македонското здравство веќе се бори со присуството на британскиот сој на Ковид 19 во земјата. Директор на Институтот за имунологија Александар Петличковски за ТВ 24 вели дека во оваа фаза имаме постигнато солидно ниво на колективен имунитет и ни недостасува мал додаток на имунизација со вакцини.
ПОВЕЌЕ ТУКА