Новогодишен поздрав од Токио: „Македонско девојче“ во изведба на јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу (ВИДЕО)

Убава музичка новогодишна честитка ни испрати јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, преку неговиот пријател – македонскиот тенор Благој Нацоски. Како што вели Нацоски, Казухиро е голем пријател на Македонија, што впрочем Јапонецот го покажува и преку фотографии од негова посета на природните и културни богатства на земјава, кои се дел од видеото.

Сепак, најголемата потврда е, секако, тоа што Казухиро ја изведува „Македонско девојче“ на македонски јазик:

Инаку, ова не му е првпат на Казухиро да пее на македонски. Во продолжение можете да ја слушнете и неговата изведба на „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, очигледно во чест на неговиот пријател Нацоски:

- Реклама -