„Телма“: Филипче е министерот со најголема доверба кај граѓаните, Владата добила најдобри оценки за справувањето со пандемијата

60.5% од граѓаните не веруваат дека здравствените власти имаат капацитет, односно дека навремено и ефективно ќе ја спроведат најавената вакцинација, покажува анкетата на „Телма“ и МЦМС. Наспротив нив, 34.7 отсто од прашаните веруваат во капацитетот на здравството, а 4% немаат став.

Како што објави „Телма“, анкетата покажува и дека министерот за здравство Венко Филипче е министерот во кого од сите други министри граѓаните имаат најголема доверба. Од друга страна, и Владата, за своето работење, добила најдобри оценки токму за справувањето со пандемијата.

Колкава е таа најголема доверба и најдобри оценки, „Телма“ ќе открие кога ќе ја презентира целосната анкета во вечерашното издание на „Топ Тема“.

Прочитајте и:  Внимание: Го направија Скопје зоолошка градина, паѓаат фасади, нема безбедност, владее урбана мафијa

 

- Реклама -