Одлуката на Чешка и Словачка да не ги одобрат заклучоците за Западен Балкан и европроширувањето на Советот на ЕУ, била донесена без никакво влијание од Северна Македонија, порачаа амбасадорот на Словачка – Хенрик Маркуш, и заменик-амбасадорот на Чешка- Лубомир Пшенка, во заедничка изјава за „360 степени“.
Тие се категорични дека нивните земји јасно ги објасниле околностите што довеле до нивната одлука.
„За жал, одредени ентитети од Северна Македонија почнаа да шират неточни информации дека влијаеле на донесувањето на одлуките на Прага и Братислава поврзани со процесите во самата ЕУ. Ниту чешката ниту словачката дипломатија се свесни за постоење лоби-напори од некои ентитети кои можеле да влијаат на процесот на донесување одлуки во Прага и во Братислава“, велат во изјавата.
Доколку постоеле такви напори, додаваат амбасадорите, истите не стигнале до оние кои одлучуваат, па одлуката на министрите на овие две земји е донесена без никакво влијание на било кој ентитет од Северна Македонија. Изјавата погледнете ја ТУКА.