Владата ги забрани сите летови од и кон Велика Британија, патниците ќе одат во задолжителна 14-дневна самоизолација

По примерот на другите земји, и македонската Влада ги забранува летовите од Велика Британија кон земјава, и обратно. Забраната ќе важи (најмалку) до крајот на годината.

Премиерот Зоран Заев, на прес-конференција, како и Министерството за здравство, соопштија дека одлуката била усвоена утринава, на главниот координативен кризен штаб. Причината е превентивна, со цел спречување на евентуалниот увоз на новата мутација на коронавирусот која се појави на островот, а која, според првичните епидемиолошки анализи, е позаразна.

Покрај забраната за летови, се воведува и задолжителна 14-дневна самоизолација во домашни услови за сите патници што по воздушен или копнен пат, директно или преку друга земја, ќе пристигнат од Велика Британија.

Прочитајте и:  Мицкоски: Законот за јазиците мора да се почитува, но треба и да се зголемат капацитетите во министерствата
- Реклама -