Мицкоски: Таблите што Заев ќе ги смени ќе бидат меѓу првите грешки што ќе ги исправиме

„А јас сум подготвен, веднаш откако ќе те поразиме со народот, да ги исправиме сите твои историски и противзаконски грешки“, му порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христија Мицкоски, на премиерот Зоран Заев, откако овој вчера од Битола изјави дека и покрај критиките, подготвен е на спомен-плочите поставувани по Втората светска војна на кои пишува „бугарски фашистички окупатори“ – да остане само „фашистички окупатори“.

„Враќањето на таблите кои ја рефлектираат вистинската историска вистина, а Заев ќе ги смени, ќе биде меѓу првите грешки што ќе ги исправиме!“, додаде Мицкоски.

Според Заев, пак, и Полска и Германија, Франција и Германија, го решавале тоа прашање „низ призмата и зборовите на пријателството“ кога зборувале за фашизмот како појава, за да не се повтори. „Тоа е европската иднина, тоа се европските зборови“, рече Заев.

Прочитајте и:  Мицкоски: Ќе направиме се струјата да не поскапи, во најлош случај ќе биде за 3 отсто во третиот и четвртиот блок
- Реклама -