Арачиново ќе добие половина милион евра неповратна ковид-помош од Владата?

Арачиново ќе добие безмалку 490 илјади евра еднократна, неповратна парична помош од Буџетот, поради последиците од ковид-кризата.

„На денешната седница е донесена и Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година во висина од 30.000.000 денари на Општина Арачиново, како еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради КОВИД – 19 кризата“, е наведено како една од одлуките на денешната владина седница, на која беше одобрен четвртиот пакет за поддршка во справување со последиците од ковид-кризата.

Детали за тоа зошто и како ваква помош добива само Арачиново, на што конкретно ќе бидат потрошени парите и кој ќе ги контролира, во соопштението нема.

Прочитајте и:  Владата го назначи министерот Муртезани за главен преговарач со ЕУ

Она што барем навидум може да се заклучи од соопштението, сепак, е дека овие средства не се дел од дополнителните 8 милиони евра од најновиот КОВИД пакет, ниту пак се дел, на пример, од вкупно 35-те милиони евра за 99 проекти за 75 општини, обезбедени со пренамена на финансиските средства од ТАВ што беа предвидени за изградба на карго аеродром во Штип.

 

- Реклама -