Рубикова коцка 2.0

sudokube1.jpg Доколку класичната Рубикова коцка измислена во далечната 1980-та година од истоимениот унгарски скулптор и професор не ви е доволен предизвик тогаш можеби е време за нова загатка. Што мислите за судоку? А за судоку и Рубиковата коцка во исто време? Или звучи прекомплицирано за Вас? : )

sudokubelo.jpgСе работи за навидум проста сложувалка наречена Sudokube на која наместо обоените коцки од Рубиковата коцка се заменети со бројки. Сепак,  комплескениот алгоритам кој е користен за нејзиното создавање ви ветува часови исполнети со забава. Самиот факт што сите полиња се бели, а броевите се повторуваат ви кажува доволно. Оваа коцка може да се купи за само 3 долари, а за да добиете повизуелен приказ за неа погледнете го следното видео.

 

 

{youtube}szo5Lof21f4{/youtube}

- Реклама -