Професорката Мирјана Најчевска смета дека со Бугарија со вакви позиции Македонија нема што да преговара. Споделувајќи го својот став на Фејсбук, Најчевска бара замрзнување на односите со нашата источна соседка:
„Треба да ги замрзнеме односите со Бугарија сѐ додека не:
-расчистат со своето комунистичко минато
-расчистат со своето фашистичко минато
-расчистат со Санстефанските аспирации
-престанат да употребуваат говор на омраза
-почнат да ги почитуваат меѓународните конвенции кои ги ратификувале“, пишува професорката.