Стојанче Ангелов: Помина времето на кршење ќерамиди со глава, имам кризна состојба за управување

„Почитувани ФБ пријатели! Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава. Од синоќа раководам со Главниот Штаб за управување со кризната состојба предизвикана од Ковид 19“, се обрати до граѓаните Стојанче Ангелов, кого неодамна владата го постави за директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Заради поуспешна работа на Главниот Штаб, и покрај учеството на многуте стручни лица од различни институции, Ангелов ги повика и сите граѓани кои имаат конструктивни идеи, забелешки, совети и критики – да ги напишат на ФБ страната на ЦУК.

Главниот штаб за управување со кризи, инаку, синоќа одржа седница на која ја утврди рамката на активности на институциите во контектс за усвојување на акциски план, согласно одлуката за кризна состојба. Денеска во 16 часот, Главниот штаб – со кој раководи токму директорот на ЦУК Ангелов, ќе има уште една седница на која ќе се разгледува нацрт акциски план.

- Реклама -