Апасиев: Ааa, не може вака к*риња северџански. Сеа ќе си даете оставки и ќе завршите на гнојарникот на Историјата

Власта се коцкаше и потфрли во својата надворешна политика. Простор за изговори нема и политичкото државно раководство мора да си даде оставка и да понесе одговорност – ова е, во блага форма, ставот на пратеникот и претседател на Левица – Димитар Апасиев.

Неговата верзија, меѓутоа, е далеку поостра. Во негов стил, а на ничие изненадување, Апасиев се осврна на исходот од „дипломатската офанзива“ во последниве неколку години:

„Аааа не! НЕ МОЖЕ вака, к*риња северџански. Се коцкавте all in со нашите животи и со нашиот национален идентитет – и изгубивте. Поразена е вашата сервилна ‘добрососетска’ политика на сите полиња.

Сеа, фино-лепо, ќе си даете ОСТАВКИ и ќе завршите на гнојарникот на Историјата, каде што завршија сите квислинзи у светот. Во спротивно, ќе бидете прегазени на следни избори, кога и да се одржат. Народот не простува. Народот не заборава. #ВетоЗаЕУ #СамаСеДигаФуријата“, порача Апасиев на социјалните мрежи, откако шансите Бугарија да дозволи почеток на преговорите додека не се исполнат нејзините уцени се сведоа на непостоечки.

Прочитајте и:  Инцидент во Собранието, за малку избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

- Реклама -