Пешевска: Мерките од 4-от пакет ќе стигнат до граѓаните благодарение на нас пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија направи кворум за да мерките од четвртиот пакет стигнат до граѓаните и компаниите“, порачуваат од опозицијата.

„Вчера се донесе ребалансот на буџетот, благодарение на нас пратениците од опозицијата во Собранието, бидејќи ‘одговорното и стабилно мнозинство’ имаше присутни само 55 пратеници“, напиша на Фејсбук пратеничката Жаклина Пешевска.

„Ние како одговорни пратеници пред граѓаните направивме кворум за да мерките од 4-от пакет стигнат до граѓаните и компаниите засегнати од пандемијата. Продолжуваме посветени и се обврзуваме за доброто на граѓаните!“, додава таа во постот.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ
- Реклама -