„Само“ 565 новозаразени од 1.325 тестирања, но дури 21 починати од Ковид-19 во последното деноноќие во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1325 тестирања, а регистрирани се 565 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје-230,
Куманово-35,
Штип-13,
Прилеп-65,
Тетово-39,
Струга-1,
Велес-27,
Битола-15,
Охрид-3,
Кавадарци-10,
Гостивар-27,
Гевгелија-13,
Струмица-17,
Крива Паланка-6,
Радовиш-7,
Крушево-3,
Кочани-15,
Пробиштип-3,
Берово-5,
Валандово-3,
Виница-3,
Делчево-2,
Кратово-6,
Свети Николе-4,
Кичево-3,
Ресен-1,
Неготино-9.

Починати се 21 лице (втор најцpн биланс од почетокот на пандемијата во земјава, по рекордните 22 на 25 октомври годинава): Шест пациенти од Скопје (45, 52, 63, 67, 68 и 84г), пет пациенти од Тетово (69, 73, 75, 69 и 83г), еден од Куманово (74г), двајца пациенти од Велес (83 и 89г), двајца од Богданци (75 и 85г) и по еден пациент од Битола (79г), Радовиш (71г), Прилеп (61г), Охрид (51г) и Штип (63г). Освен еден пациент кој е починат вон, сите други се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од: Скопје-58, Штип-7, Прилеп-9, Тетово-6, Струга-8, Велес-7, Битола-11, Охрид-11, Кавадарци-5, Гостивар-6, Струмица-9, Кочани-5, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Берово-1, Валандово-2, Виница-1, Свети Николе-2, Неготино-3.

Досега во земјата се направени вкупно 253.173 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32997, бројката на оздравени пациенти е 21244, на починати е 1025, а бројот на активни случаи изнесува 10728.

- Реклама -