Со денешните 934 новодијагностицирани – најголем број од почетокот на пандемијата за 24 часа, вкупниот број на заразени во земјава досега се искачи на 30.488 потврдени случаи. Што се однесува до бројот на активни случаи, во моментов на ниво на државата има 9.058.
Речиси половина од нив се во главниот град, односно 4.283. И натаму предводи општина Аеродром – со 759 активни случаи, пред Карпош со 627, и Гази Баба, Центар и Кисела Вода – сите со над 550. Состојбата во Скопје изгледа вака:
• Чаир – 216
• Гази Баба – 562
• Аеродром – 759
• Карпош – 627
• Центар – 561
• Кисела Вода – 557
• Ѓорче Петров – 369
• Бутел – 205
• Шуто Оризари – 40
• Студеничани – 20
• Сарај – 32
• Арачиново -9
• Илинден – 85
• Сопиште – 37
• Чучер Сандево – 23
• Петровец –28
• Зелениково -14
• Странец – 33
• Нераспределен- 106
На ниво на државата, дистрибуцијата на активни случаи изгледа вака:
• Скопје 13174, активни 4283
• Куманово 2244, активни 379
• Дебар 336, активни 58
• Штип 1645, активни 250
• Прилеп 1290, активни 449
• Тетово 2135, активни 507
• Струга 819, активни 101
• Велес 721, активни 335
• Битола 670, активни 265
• Охрид 698, активни 232
• Кавадарци 490, активни 208
• Гостивар 1181, активни 185
• Гевгелија 370, активни 172 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 55 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 876, активни 484
• Крива Паланка 232, активни 83
• Радовиш 230, активни 75
• Крушево 27, активни 7
• Кочани 706, активни 224
• Пробиштип 192, активни 57
• Демир Хисар 82, активни 16
• Македонски Брод 104, активни 8
• Пехчево 60, активни 8
• Берово 209, активни 49
• Валандово 102, активни 38
• Виница 177, активни 67
• Делчево 246, активни 115 (59 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 50, активни 20
• Свети Николе 481, активни 86
• Кичево 551, активни 161
• Ресен 244, активни 60
• Неготино 146, активни 76 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
И денеска продолжува да расте бројот на пациенти позитивни или сомнителни на Ковид-19, во болниците низ земјава. Утрово нивниот број изнесувал рекордни досега 678.
Во последните 24 часа, на Инфективната клиника се примени 10 пациенти, а вкупно има хоспитализрано 158. На кислородна поддршка се 113 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 позитивни и 6 суспектни деца на Ковид-19 и 18 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 11 приеми, а вкупно хоспитализирани се 57 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 67, а во болницата во Штип се 51 пациент.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 315 позитивни и сомнителни на Ковид-19.