И натаму продолжуваат да се полнат болниците, денеска за првпат над 620 хоспитализирани; 7.317 активни случаи во земјата

Пред само 11 дена (на 15 октомври) за првпат во болниците во земјава имавме над 450 пациенти во болниците позитивни или сомнителни на Ковид-19. Пред само 5 дена (на 22 октомври) за првпат оваа бројка надмина 500, со вкупно 538 хоспитализирани поради вирусот во болниците. Веќе следниот ден таа бројка се искачи на 575, а вчера и завчера изнесуваше 596, односно 595 хоспитализирани. Трендот продолжува и денеска – за првпат од почетокот на пандемијата се регистрирани над 600 пациенти во болниците.

Имено, според дневниот извештај на Министерството за здравство, утрово во болниците низ земјава имало вкупно 622 пациенти кои се позитивни или се сомнителни на Ковид-19:

Во изминатите 24 часа, на Инфективната клиника примени се 15 пациенти, додека вкупно се хоспитализирани 146. Од нив, на кислородна поддршка се 110 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 9 мајки позитивни на вирусот, како и 5 деца и 4 мајки кои се суспектни на Ковид-19.

Во болницата „8 Септември“ има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 60, а во болницата во Штип 50 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 295 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Сликата на исполнетоста на болниците во последните неколку недели откако почна да се стишува летниот „втор бран“ во земјава, изгледа вака:

По денешните 247 нови случаи (но од мал број тестирања / позитивни се 33.5%), бројот на активни случаи во земјава изнесува 7.317.

Од нив, 3.490 се во Скопје. Состојбата по општини во главниот град изгледа вака:

• Чаир – 171
• Гази Баба – 437
• Аеродром – 675
• Карпош – 528
• Центар – 508
• Кисела Вода – 413
• Ѓорче Петров – 287
• Бутел – 157
• Шуто Оризари – 28
• Студеничани – 9
• Сарај – 23
• Арачиново – 10
• Илинден – 60
• Сопиште – 31
• Чучер Сандево – 15
• Петровец –21
• Зелениково – 9
• Странец – 22
• Нераспределен- 86

Прочитајте и:  Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, како последица на вирусот починале четири лица

На ниво на државата, дистрибуцијата на болест во тек, изгледа вака:

• Скопје 11.592, активни 3.490
• Куманово 2.128, активни 322
• Дебар 321, активни 56
• Штип 1.560, активни 204
• Прилеп 1.110, активни 324
• Тетово 1.932, активни 406
• Струга 785, активни 82
• Велес 514, активни 155
• Битола 550, активни 187
• Охрид 615, активни 170
• Кавадарци 431, активни 172
• Гостивар 1.115, активни 150
• Гевгелија 332, активни 172 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 47 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 742, активни 424
• Крива Паланка 207, активни 72
• Радовиш 203, активни 76
• Крушево 22, активни 2
• Кочани 648, активни 203
• Пробиштип 164, активни 32
• Демир Хисар 73, активни 11
• Македонски Брод 101, активни 5
• Пехчево 57, активни 9
• Берово 192, активни 53
• Валандово 92, активни 35
• Виница 163, активни 59
• Делчево 227, активни 128 (47 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 37, активни 11
• Свети Николе 452, активни 66
• Кичево 487, активни 124
• Ресен 226, активни 55
• Неготино 121, активни 62 (17 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

 

- Реклама -