Почина Амди Бајрам – имал проблеми со срцето, но и Ковид-19

Политичарот и долгогодишен пратеник, но и претседател на Сојуз на Ромите на Македонија – Амди Бајрам, почина денеска на 64-годишна возраст.

Информацијата ја потврдуваат од СРМ, но и од клиниката „Жан Митрев“, каде – според „Фокус“, бил донесен веќе починат. Од болницата, за „Телма“, велат дека Бајрам имал проблеми со срцето, а бил и позитивен на Ковид-19.

Поради здравствените проблеми, Бајрам веќе подолг период сѐ помалку беше активен во политиката, но и во јавноста. Сепак, едно е сигурно – Амди го сакаше животот, а за тоа говори и последната вест по која беше актуелен во медиумите – отиде дури до Турција за да ѝ организира свадба со 600-тини гости на својата внука, откако истата беше откажана поради пандемијата на коронавирусот и забраната за прослави во земјава.

 

 

- Реклама -