Филипче: Влегуваме во исклучително ризична фаза, забавите и групирањата оставете ги за некое друго време

„Влегуваме во исклучително ризична фаза во која вирусот е широко распростанет и можноста за заразување е голема“, предупреди министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи по повод претстојниот продолжен викенд, откако денеска повторно се регистрирани 640 нови случаи и 12 починати, но и уште поиндикативно – регистриран е убедливо највисок број (538) на пациенти во болниците од почетокот на пандемијата наваму.

Тој апелира граѓаните да ги почитуваат мерките, а дружбите и журките да ги остават за подобри времиња:

„Пред нас е продолжен викенд во кој очекувам максимално одговорно однесување на граѓаните. Влегуваме во исклучително ризична фаза во која вирусот е широко распростанет и можноста за заразување е голема. Групирањето, забавите, собиранките оставете ги за некое друго време. Има многу безбедни начини за убаво поминат викенд почитувајќи ги мерките за заштита. Сега е време да го заштитиме сопственото, а со тоа и јавното здравје“, порача министерот.

Прочитајте и:  Филипче: Нема да дозволиме враќање на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури

- Реклама -