„Јас сум Чолков Ванчо од Скопје и во клиниката ‘Жан Митрев’ дојдов пред нешто повеќе од еден месец. Пред да дојдам тука почуствував болки во градите, се чувствував настинат и бев хоспитализиран во една од државните болници. По неколку дена престој во државната болница сфатив дека здравствено одам надолу, пропаѓам и се чувствувам полошо. Ми беше јасно дека морам да најдам друго решение, во приватна болница. И реков на мојата сопруга дека сакам да ме префрлат во клиничката болница ‘Жан Митрев’. Веднаш дојдоа и ме донесоа во клиниката“, вака го започнува своето сведочење господинот Чолков.
Тој во нашата клиника беше донесен во тешка состојба со резултат кој покажуваше дека е ковид-позитивен. За тоа како започна и како течеше неговото лекување говори д-р Драгица Везенкова Вучкова Спец. по анестезиологија со интензивно лекување.
„Пациентот Ванчо Чолков во нашата клиника дојде во една ноќна смена во тешка, критична, состојба и со периферна сатурација 40 и со веќе поставена дијагноза ‘ковид пневмонија’. Веднаш го згриживме во одделот за интензивно лекување во Ковид центарот и веднаш се вклучи процес на хемофилтрација со цито-сорп и Огзирис филтер. Сите лабораториски параметри коишто ги добивме од испитувањето беа карактеристични за оваа вирусна состојба. Пациентот исто така веднаш беше поставен на неинвазивна механичка вентилација со ципап маска која што добро ја толерираше. Сепак, и поради тешката општа состојба во која што се наоѓање, а за што говореше и лошиот рентген наод на неговите бели дробови, и на ципап маска, постигнуваше сатурација од 70 до 75“, појаснува докторка Вучкова.
Таа додава дека навистина е чудо како пациентот ја толерирал таа сатурација и како ги спроведуваше сите физикални и рехабилитациски активности за закрепнување.
По четвртиот ден е забележано мало подобрување на клиничката слика на пациентот. Лекувањето продолжи и понатаму со добро расположение на чичко Ванчо, како што го нарекувавме тука додека престојуваше во нашата болница. Тој доби 3 последователни циклуси на хемофилтрација и со вкупно 22 дена интензивна грижа и лекување тој си замина дома со негативен тест за Ковид 19 во стабилна и добра здравствена состојба.
Но, чичко Ванчо, по само две недели повторно се врати во нашата клиника. Сега за проблемите што го имаше со крвотокот во нозете. Веднаш му беше направен периферен бај-пас на нозете по што, по кратко опоравување си замина дома.
Му посакуваме многу здравје и успешно комплетно закрепнување на чичко Ванчо.
*Текстот е објавен во соработка со Zan Mitrev Clinic