5.674 активни случаи на Ковид-19 во земјата, од нив 552 во општина Аеродром

По новите 408 позитивни на Ковид-19 дијагностицирани во последните 24 часа, бројот на активни случаи во земјава се искачи на 5.674, покажува евиденцијата на Институтот за јавно здравје.

Од овие, 2.751 се регистрирани во главниот град. Меѓу општините, убедливо најмногу има Аеродром, со 552 активни случаи. Над 450 имаат и Карпош и Центар. Состојбата во Скопје во моментов  (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) изгледа вака:

• Чаир – 123
• Гази Баба – 307
• Аеродром – 552
• Карпош – 446
• Центар – 454
• Кисела Вода – 310
• Ѓорче Петров – 220
• Бутел – 113
• Шуто Оризари – 16
• Студеничани – 5
• Сарај – 16
• Арачиново – 9
• Илинден – 44
• Сопиште – 22
• Чучер Сандево – 10
• Петровец –19
• Зелениково – 9
• Странец – 12
• Нераспределен- 64

На ниво на државата, ситуацијата по градови изгледа вака:

• Скопје 10169, активни 2751
• Куманово 1998, активни 234
• Дебар 309, активни 50
• Штип 1461, активни 157
• Прилеп 935, активни 214
• Тетово 1761, активни 304
• Струга 754, активни 76
• Велес 448, активни 108
• Битола 476, активни 152
• Охрид 533, активни 106
• Кавадарци 327, активни 81
• Гостивар 1042, активни 103
• Гевгелија 267, активни 132 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 40 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 606, активни 364
• Крива Паланка 184, активни 62
• Радовиш 179, активни 75
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 573, активни 196
• Пробиштип 141, активни 16
• Демир Хисар 69, активни 8
• Македонски Брод 98, активни 4
• Пехчево 55, активни 9
• Берово 172, активни 45
• Валандово 83, активни 45
• Виница 151, активни 50
• Делчево 213, активни 117 (41 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 31, активни 5
• Свети Николе 427, активни 59
• Кичево 424, активни 80
• Ресен 202, активни 38
• Неготино 88, активни 33 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Прочитајте и:  Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, како последица на вирусот починале четири лица

Според евиденцијата на Министерството за здравство, утрово во болниците и инфективните одделенија низ државата имало вкупно 464 пациенти позитивни или сомнителни на Ковид-19. Со ова, шести ден по ред бројот на пациенти во болниците е повисок од 450.

Во последните 24 часа, на Инфективната клиника во Скопје примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 99, од кои на кислородна поддршка се 67. Нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле нема хоспитализирани деца позитивни на Ковид-19. Хоспитализирани се 4 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 55 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 210, позитивни и сомнителни на Ковид-19, велат од Министерството.

- Реклама -