Влада: Лага е дека има предлог Гоце Делчев да биде Македонец само во регионална смисла

Владата категорично демантира и ја отфрла како шпекулација информацијата што ја сподели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Антонио Милошоски – дека Бугарија ставила конкретен предлог на маса за прашањето за Гоце Делчев, според кој Делчев само географски ќе биде Македонец, а кој наводно требало да го прифатат премиерите Борисов и пред сѐ Заев на претстојната нивна средба во Софија во ноември.

Од Владата, за МИА, велат дека таков предлог ниту постои, ниту бел предмет на дискусија. Изнесеното тврдење на пратеникот Милошоски е груба шпекулација и само нанесува штета на процесот што го води заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, велат велат оттаму.

Од Владата додаваат дека сите дискусии поврзани со личности и настани од историјата се водат преку заедничката комисија и дека ја поддржуваат нејзината работа. Воедно, тие ја поздравуваат одлуката на членовите на комисијата да имаат почести средби во иднина.

Прочитајте и:  Владата ќе му позајми на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

За разлика од Владата, која оценува дека Милошоски му наштетува на процесот што се води во заедничката комисија, од СДСМ беа многу поостри и го обвинија Милошоски за „обид за ослабување на националните позиции во клучен момент“.

- Реклама -