Се размислува и за вонредна состојба и за полициски час, сите опции се на маса – вели епидемиологот Стојанов

Сите опции се на маса, вели епидемиологот д-р Александар Стојанов, директор на Центарот за јавно здравје Скопје и член на Комисијата за заразни болести, разочаран од масовното непочитување на мерките кое доведе до рапиден и загрижувачки пораст на новите случаи на Ковид-19 во земјата.

Иако до неодамна извори од Комисијата тврдеа дека засега не се размислува за нова вонредна состојба и полициски час, Стојанов открива дека сега и овие мерки се на дневен ред.

„Тоа се мерките кои можеме да ги препорачаме доколку се продолжи со ова темпо“, вели тој за „А1он“. Дали и кога Комисијата за заразни болести ќе препорача вакви рестрикции ќе зависи од исполнетоста на болниците, кои веќе сите се полнат, но засега сѐ уште има слободни места, вклучително и во монтажната болница, истакнува епидемиологот.

Стојанов апелира да се носат маски и да се почитуваат мерките бидејќи, како што вели, поради широката распространетост на вирусот веќе одамна нема конкретни кластери кои може да се следат. Повеќе ТУКА.

 

- Реклама -