До овој момент сѐ уште не се објавени официјалниот биланс за состојбата со новозаразените, починатите и оздравените во последните 24 часа.
Пред околу еден час, Министерството за здравство испрати извинување до медиумите и јавноста за денешното доцнење со информирањето за состобјата со Ковид-19, со образложение дека сѐ уште не е испратена дневната статистика од Институтот за јавно здравје.
Големото денешно доцнење ги зголеми и онака постоечките стравови, базирани врз трендот од последните денови, дека денес е можна нова рекордна бројка. Според информациите на „Алсат“, истите се покажуваат сосема оправдани.
Имено, „Алсат“ неофицијално дознава дека бројот на новодијагностицирани во последните 24 часа изнесува дури 445, од 2.080 направени тестови. Бројот на починати е 9 лица, а како оздравени во последното деноноќие се водат 194 лица.
Во моментот кога Министерството ќе ги соопшти, официјалните статистики ќе ги објавиме и ние.