И додека министерот Венко Филипче, но и куп експерти, предупредуваат дека ситуацијата со Ковид-19 е посериозна од било кога, скептиците не стивнуваат, особено на социјалните мрежи. Од друга страна, еден од најчестите аргументи користен против нив е онаа фразата: „Ако не веруваш, оди влези на Инфективна без маска“. Е па, неповторливиот Миленко Неделковски го прифати предизвикот.
„ Сhallenge! Го предизвикувам манипулантот и апашот Венко Филипче!
Спремен сум да влезам во инфективма и со заболените БЕЗ МАСКА да седам 24/7 седум дена.
– Доколку се разболам и умрам, задолжително лекарски независен тим да изврши обдукција и да ја утвтди вистинската причина за смртта.
– Доколку се разболам и се излечам, да се објави со помош на кои медикаменти и третмани сум излекуван, за да може сите понатамошни животи успешно да бидат спасени.
– Доколку ништо не ми се деси, да ми бидат исплатени 500.000 евра обештетување затоа што лажете и манипулирате со наводниов вирус.
Ајде, машко да те видам?“, му порача Миленко на Филипче, во статус на Фејсбук.