Заболен со коронавирус вчера побегнал од ковид-центарот во Градската општа болница „8 Септември“ и слободно шетал низ главниот град сѐ до ноќта, кога бил приведен од полицијата и вратен во болницата.
Информацијата беше објавена од Твитер корисник, адресирана до министерот за здравство Венко Филипче, но подоцна потврдена и од МВР.
„Заболени од ковид-19 бегаат од ковид-центарот при ‘8 Септември’. Ќе сноси некој од тамошните вработени одговорност? Зборувам конкретно за случајот со Борче Ивановски, кој ноќеска беше приведен и транспортиран на Инфективната клиника. Избегал од болница и се движел насекаде низ Скопје. Се возел со градски автобуси, седел во ГТЦ итн. Ставете по еден полицаец на сите влезови на клиниките каде што има заболени од ковид-19, да не бегаат од болница идиотите и да заразуваат сѐ наоколу“, вели Твитер корисникот.
Избегал од болница и се движел насекаде низ Скопје.
Се возел со градски автобуси, седел во ГТЦ итн.
Ставете по еден полицаец на сите влезови на клиниките каде што има заболени од Ковид 19, да не бегаат од болница идиотите и да заразуваат се наоколу.— YokioSan (@YokioTo) October 7, 2020
„На 06.10.2020 во 21.30 часот од ГОБ ‘8 Септември’ било пријавено дека од Ковид центарот избегал пациент Б.И. од Куманово. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници лицето било пронајдено околу 02.00 часот и вратено во болницата“, потврдиле од МВР за порталот „Плусинфо“.