„Алсат“: Бугарија не отстапува од Рамковната позиција и ставот за блокирање на меѓувладината конференција со ЕУ

Ставот на Бугарија околу блокирањето на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите на земјава со ЕУ останува непроменет, одговориле од бугарското МНР за „Алсат“:

„Ја инициравме Заедничката декларација на премиерите во 1999 година и Договорот за добрососедство во 2017 година. Овој договор го отвори патот за преспанскиот договор, членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ. За жал, спроведувањето на овој договор не е задоволително во ниту една област. Работевме напорно за да го вратиме проширувањето на агендата на ЕУ. Националната позиција на Бугарија за европската интеграција на Северна Македонија и Албанија е јасно дефинирана во Рамковната позиција, одобрена од Националното собрание“, категорично стои во одговорот.

Како што потсети и „Алсат“, рамковната позиција на Бугарија е дека Северна Македонија е само политички етникум, дека не смее да се користи терминот „фашистичка окупаторска Бугарија“, дека мора да се постигне договор за Гоце Делчев, и дека македонскиот е „Службен јазик на Северна Македонија“, односно дека терминот „македонски“ треба да биде означен со фуснота што ќе означува дијалект на бугарскиот.

- Реклама -