Апасиев: Сиромашниот работник Албанец ми е многу поблизок отколку македонскиот олигарх и чорбаџија

Првата реплика во Собрание дојде лично од Премиерот – се „пофали“ Димитар Апасиев од Левица, на Фејсбук, па ја сподели својата контра-реплика до Заев:

„Нас не нѐ спасува ортодоксијата, туку ОРТОПРАКСИЈАТА. Она што во пракса беше направено во поглед на уставното име е дека не се испочитува народната волја – што е недозволиво во една демократија.

Јас го користам тоа што е утврдено од народот на референдум од ’91 година – така што не 80, туку 120 пратеници не можат тоа да го поправат“, порача претседателот на Левица.

За разлика од досегашниот бојкот кон него, барем според Апасиев, тој денеска доби реплика и од пратеникот Реџепи. Токму одговорот кон Реџепи му беше прва контра-реплика на Апасиев во парламентот. Овојпат се однесуваше на меѓуетничките прашања, при што Апасиев се „бранеше“ дека тој не е оној што ги отвора, туку тоа се министрите од ДУИ со нивните намерни провокации:

Прочитајте и:  Мециновиќ: Со малограѓански сценарија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сакаа да избегнат одговори на прашањата поставени од Левица

- Реклама -