Пасоши и лични карти со „Северна“ во употреба од следната година, очекува Спасовски

Министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски, очекува дека многу наскоро ќе има конечен датум од кога ќе почнат да се употребуваат новите пасоши и лични карти, односно документите на кои ќе стои новото име на државата.

Тој посочи дека Управувачкиот комитет во МВР континуирано работи на имплементација на проектот и изрази надеж дека нивната примена ќе почне од следната година.

Според Спасовски, најважно е што државата нашла начин дотогаш да се употребуваат постоечките патни исправи и обрасци.

- Реклама -