„Фокус“: Зекири ќе биде директор на Фонд за здравствено осигурување

Мухамед Зекири ќе биде новиот директор на Фондот за здравствено осигурување, неофицијално дознава „Фокус“.

Според нивните  информации, преговорите се очекува да бидат финализирани во текот на наредната недела.

Зекири, доколку се потврди информацијата, ќе седне на местото на актуелниот в.д. директор Миле Сугарев, кој го наследи Ден Дончев по неговата оставка „од лични причини“.

Како што потсетува „Фокус“, Зекири 18 години беше новинар, по што се вклучи во политиката и се зачлени во СДСМ, каде стана пратеник, но и потпретседател на партијата.

Премиерот Зоран Заев, инаку, на Зекири му е кум.

Прочитајте и:  ФЗО: Граѓаните да не наседнуваат на лажни пораки пишувани во име на Фондот
- Реклама -