„Ве известувам дека сум на Инфективна клиника, примам терапија уште 3-4 дена. Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“, соопшти поранешниот министер за внатрешни работи и претседател на Обединети за Македонија, на Фејсбук, поради, како што вели, големиот интерес за неговата здравствена состојба.
Бошкоски, воедно, изрази и голема благодарност до медицинскиот персонал и неговите сопартијци кои му даваат поддршка и се тука за него.
„Чувајте се! 🇲🇰 “, порачува Бошкоски.