СДСМ: Бегалецот Никола Груевски му скрои нов Извршен комитет на Мицкоски за да му ја зачува фотелјата

„Откако Христијан Мицкоски и трет пат изгуби на изборите, бегалецот Никола Груевски му скрои нов Извршен комитет во обид да го зачува на позицијата и да му ја спаси фотелјата во белиот дворец.

Секоја демократска партија е нормално да одржи Конгрес после избори, само Мицкоски се плаши од сопствените членови, како и од граѓаните“, велат од СДСМ, иако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција соопшти дека Централниот комитет му го одбил предлогот за свикување вонреден конгрес за избор на ново раководство.

„Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ“, категорични се од СДСМ, кои тврдат дека „партијата предводена од докажаниот губитник Христијан Мицкоски нема капацитет да се реформира“:

„Последен доказ за тоа се таканаречените големи промени во раководството на оваа партија во кое се наоѓаат стари, потрошени кадри, послушници и извршители на Никола Груевски.

Прочитајте и:  Мицкоски: Ќе направиме се струјата да не поскапи, во најлош случај ќе биде за 3 отсто во третиот и четвртиот блок

За нови лица Мицкоски ги нуди Антонио Милошоски против кого се водат предмети и човек кој се криеше од судски доставувачи; Рашела Мизрахи која од позиција на министерка го кршеше Уставот и законите; Гордана Димитриевска Кочовска која блокираше средства од Светска банка за помош на здравството; Марија Андоновска за која цела јавност слушна како Гордана Јанкуловска лобирала да се вработи во Фонд за здравствено осигурување.

ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Мицкоски не е мрднато ниту милиметар од деструктивната, антидржавна и антинародна матрица. Граѓаните тоа го гледаат и затоа губат на три изборни циклуси и затоа уште долго ќе бидат опозиција“, се вели во реакцијата на СДСМ.

„Мафијата, злото и криминалот на СДСМ и Зоран Заев“, Мицкоски ги посочи како главна цел на најголемата опозициска партија.

- Реклама -