Палевски: Мијалков ми се закани дека ќе ме стави во буре со киселина

Пред четири дена нападнатиот политички активист, претседател на движењето „Трета“ – Љупчо Палевски – Палчо, вели дека напаѓачите биле ситни дилери кои на скутери разнесуваат дpoга низ градот. Во гостување на ТВ „Алфа“, тој рече дека знае и точно кој стои зад нападите:

„Очигледно дека подземјето работи со власта, со политичката елита која бара вакви услуги од време на време. Не само што ги обвинувам јавно, туку точно знам кои се – тоа се господинот Заев и Мијалков, затоа што имам и сведоци дека Мијалков официјално ми го праќа веќе три месеци откако излегов од затвор“.

Палевски истакна дека добил 4 удари од пендрек на извлекување од првиот, и 8 удари со боксирач од вториот напаѓач. Според него, причините се повеќе, но една од нив е аферата „Атлантик“, во која, според него, преку злоупотреба на правната процедура, биле следени и прислушувани сите погласни заговорници на бојкот на референдумот.

Според Палевски, таа истрага на тогашната УБК била надоврзана на истрагата за 27 април, за да можат да ги обвинат за теpopизам и македонски екcтpeмизам. Како што истакна тој, тотална измислица е што во истрагата тој лично бил наведен како идеолошки инспиратор за атeнтат врз Зоран Заев, кој наводно требало да се случи во болницата „8 Септември“.

 

Палевски истакна и дека не очекува случајот да има разрешница, бидејќи, како што обвини, ДУИ нема да го дозволи тоа, а цела вертикала во МВР за насилен криминал е во рацете на ДУИ:

„Политиката на ДУИ е насилна. Јас не се откажувам од полицијата, таа може сѐ да заврши, ама кога началникот од ДУИ нема да му даде материјали од ‘Сејф сити’ (надзорните камери на улиците), нема да има никаков доказ. Едноставно ДУИ владее со такви структури, така дојде на власт и така и ќе продолжи да владее“, рече Палевски во ТВ „Алфа“.

Во однос на заканите, рече дека од Мијалков добивал такви во повеќе наврати:

„За ова имам и сведоци, подготвени на суд, на кое место и кога ми се заканил дека планира да ме стави во буре со киселина, да не постојам“, истакна Палевски.

- Реклама -