ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за пожарот во ДИЖС: Не е првпат да настрадаат документи на државни институции

ВМРО-ДПМНЕ бара итна и независна истрага за пожарот во зградата на Секретаријатот за европски прашања и Министерството за животна средина.

„Самиот факт што е запалена архивата на државен орган и тоа во неработно време по неработен ден, отвора огромни сомнежи за можни злоупотреби и криење од јавноста на документи кои што според оценка на власта не би требало да се дознаат“, велат од опозицијата.

Во соопштението тие потсетуваат дека изгорената архива на Инспекторатот за животна средина не е првиот случај во кој се уништени документи на државни институции:

„Во минатото бевме сведоци на поплава во СЈО, како и пожар во министерството за правда. Расчистување на овие случаи до сега македонската јавност не виде.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

Независно од тоа дали овој сомнеж ќе се потврди или не, факт е дека несовесно е постапувано со архивата на една државна институција, не успевајќи да се сочува тој материјал.

Ваквите сомнежи се основани кога на власт имаме мафија како владата на Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Реклама -