Пандов: Патриотскиот институт ќе го направам главен столб на ВМРО, сето знаење ќе го насочам кон кон единствената цел – соборување на Заев

Александар Пандов – претседател на новоформираниот Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ, му се заблагодари на лидерот на партијата за искажаната доверба и ги објасни своите заложби и цели во работењето на ова ново тело на партијата.

„Ви ветувам на сите членови и симпатизери, како и на секој Македонец и граѓанин на Република Македонија кој си ја сака татковината и му е преку глава од сите национални, но и секакви други понижувања и неправди низ кои минуваме минативе три години, дека ќе се вложам целосно и сето мое време, знаење и енергија ќе биде насочено кон единствената цел, соборување на Заев и неговата хунта“, напиша Пандов на Фејсбук.

Тој порача дека ќе даде сѐ од себе во наредниот период Патриотскиот институт да го изгради во „главен столб на ВМРО, негова преторијанска гарда и перјаница, главна ударна тупаница и прва линија на одбрана на партијата и Македонија!“.

Прочитајте и:  Петрушевски: Љупчо Дон Николовски потрошил 976.199 денари на кафеани и ресторани како министер за земјоделие

Низ многу тежок и лош период поминуваат Македонија и ВМРО, но па кога им било лесно? Та нели на мака се познаваат јунаците! Браќа и сестри се гледаме на барикадите. Да живее ВМРО. Да живее Република Македонија 🇲🇰
#СлободаЗаУставобранителите
#МакедонијаИлиСмрт“, напиша Пандов.

Денеска, во нов Фејсбук статус, Пандов порача дека го радува што денеска, „на првиот ден од неговото партиско реактивирање“, ВМРО организира протест:

„Ако по утрото денот се познава, треба да му биде јасно како ден на Заев и неговата хунта, дека сѐ до неговото паѓање, дерман нема да имаат од улица и протести!“, напиша претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ.

- Реклама -