Новинарка од босанската телевизија „Н1“ си доби убава лекција интервјуирајќи прваче во едно основно училиште во сараевскиот кантон во БиХ за мерките и протоколите против ширење на коронавирусот во училиштето:
„За корона ти треба маска, не сакам да се заразам“, рече момчето, по што ја впери раката кон новинарката и со прекорен тон ја предупреди да ја стави маската преку нос.
Новинарката, откако призна дека малиот е во право и му се извини, го праша за физичката дистанца и дали разбира што значи тоа.
Момчето, како од пушка, одговори:
„Да, да, да, а може малку да се потргнам“, по што се повлече чекор наназад од микрофонот.
Pogledajte isječak iz priloga naših kolega iz @N1infoSA gdje prvašić upozorava na držanje distance i pravilno nošenje maski. #koronavirus pic.twitter.com/j3ij2c1bdc
— TV N1 Zagreb (@N1infoZG) September 2, 2020