Реакција на НАТО за пресретнувањето на американскиот Б-52: Русија сериозно го прекрши меѓународното право (ВИДЕО)

Руските борбени авиони го нарушиле воздушниот простор под контрола на НАТО кога минатиот петок го пресретнале американскиот бомбардер Б-52, кој леташе над данскиот остров Борхолм во Балтичкото Море, на околу 90 километри источно од Копенхаген, во рамки на солидарниот прелет на американските авиони над сите 30 членки на Алијансата, велат од заедничката команда на воздухопловните сили на НАТО во Рамштајн.

Руските пилоти „сериозно го прекршија меѓународното право“, стои во соопштението, а по пресретнувањето, веднаш била објавена тревога до данската ескадрила за брзи реакции да ги пресретне руските авиони. Сепак, пред да бидат пресретнати од данските пилоти, руските авиони веќе се вратиле во својата зона на летови, пренесува CNN.

Според руската војска, пак, нејзините патролни ловци Су-27 не го нарушиле данскиот воздушен простор, туку прелетале над неутралните води во Балтичкото Море со цел да го пресретнат американскиот бомбардер, пренесе руската ТАСС.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

„Овој инцидент е прв по повеќе години, што укажува на тоа дека Русија почнала со разни форми на провокативно однесување“, се вели во соопштението на НАТО.

Руски Су-27 неодамна пресретнаа американски Б-52 и над Црното Море, што американскиот државен секретар Мајк Помпео го опиша како „неприфатливо однесување“.

- Реклама -