Фејсбук статус на Бранко Тричковски, „одговор“ на „отвореното писмо“ на актерот Сашо Тасевски до Никола Груевски
Писмо на Груевски до Сашо
Камо среќа, драг мој Сашо, да јадеше повеќе говна, можеби немаше да морам да бегам во Пешта за да сфатам колкаво срање сум оставил во Македонија. Оттука тоа многу убаво се гледа. Да можам да го вратам времето сѐ би направил исто како што направија овие што дојдоа после мене. И во врска со името и во врска со уставот и во врска со идентитетот. Сѐ е тоа денеска зацврстено и со јасни перспективи, односно не е продадено како што ти се чини тебе. И како што ми се чинеше на мене. Да ги направев тие чекори, Сашо, мој, ќе бев на власт, како што викаш ти, 50 години.
Не викај, не врескај по луѓето, оди и поклони им се. Времињата се менуваат. Како што можеш да забележиш, не е Македонија во аут, јас сум во аут. А и ти си во аут. И мојата партија е во аут. Тоа не е случајно, драг Сашо. Тоа се закономерности кои од процесите низ кои минува Македонија прават ред, односно процесите се израз на еден историски, опшстествен, национален и политички ред, со ритам како кога зимата доаѓа по есента или денот по ноќта, понеделникот по неделата, староста по младоста. Така што, имам впечаток дека и денеска, кога ме браниш и воспеваш, јадеш говна како кога ме напаѓаше дури бев на власт. Таа едноличност во исхраната не е добра за здравјето.
Слушам дека ќе си одел во војна против Албанците. Не верувам дека ќе најдеш асолен Албанец да ти биде непријател. Што можат да победат во тебе Шиптарите. За војна не е потребно само да јадеш говна и да имаш мyда. Војната бара и други резони и актери. Ти ги немаш.
Дојди наваму, ако мислиш дека една таква дистанца од Македонија може да ти помогне. Да ги средиш мислите и страстите. Тука е на програмата гулаш, паприкаш, риба… Подуен ми стоиш од многу говна. Ела. Можеби заедно ќе се вратиме во Скопје. Да бев отишол во “Идризово” пред две години, сега, во ноември ќе излезев на слобода.
Многу грешки направив, Сашо мој, немој да ме тераш да продолжам по тој пат. Никогаш повеќе. А ти како сакаш.
Будимпешта, 27 август,2020.
Никола Груевски