„Носете се у мајчина и вие и шарената ваша Влада“ – Естрадни уметници реагираат на „нефер“ распределба на државната помош

„Носете се у мајчина сите вие таканаречени уметници и ѕвезди без никаков багаж и тежина, сосе шарената ваша Влада!“, напишал фолк пејачот Наум Петрески на официјалната Фејсбук страна на Зружението на естрадни уметници на Македонија, по што коментарот бил избришан, пренесува порталот „ММС.мк“.

Петрески е револтиран бидејќи, како што самиот вели, еден куп таканаречени естрадни уметници добиле државна (корона) помош иако немаат никакви достигнувања со што би ја оправдале, за разлика од него, кој ја заслужува, но бил одбиен зашто се води како вработен.

Во коментар за порталот, Петрески иронично „потврдува“ дека е вработен, односно, како што тврди, фирмата (што ја отворил кога го отворил ресторанот) му е во мирување и не работи веќе три години. Според него, тоа што е „вработен“ му го искористиле како „рачка“ за да го одбијат.

„Добија пари еден куп други, а не се никакви уметници. Од тие 60 што Владата им исплатила надомест, дали 10тина се вистински пејачи, друготе се свадбари. Имаат песни што никој не им ги знае насловите на песните, а не да им ги запеат. И никогаш никаде не ја претставувале државата. Тие заслужуваат, јас не?! Јас, заедно со Ансамблот ‘Танец’, над 20 културни центри на Македонија низ светот, преку амбасадите, имам отворено. Е па ако е така, зошто тогаш не ги викаа свадбариве“, рекол Петрески за „ММС“, најавувајќи дека нема да аплицира при најавената иницијатива за повторно барање помош од државата.

Според „ММС“, меѓу оние што не добиле државни пари, а чија заработуачка страда поради ковид-кризата, е и Ферус Мустафов, бидејќи е пензионер.

Од друга страна, меѓу естрадните уметници кои добиле надомест се: Јасмина Гуњова, Спасен Силјановски, Марјан Коцев, Ѓоко Танески, Антонија Гигвоска, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Татјана Стефановска, Дамјан Стојановски, Влатко Миладиновски, Милован Секулоски, Анета Наковска и други… Целиот текст прочитајте го ТУКА.

 

- Реклама -