СДСМ: Пред нас се четири години на развој, напредок и интеграција

„СДСМ создаде парламентарно мнозинство и Влада која ќе им служи на граѓаните и ќе ги следи нивните потреби. Новата влада ќе има 7 министри помалку за уште поефикасна работа во интерес на граѓаните и државата“, велат од СДСМ.

„Пред нас се 4 години на напредок, развој и интеграција, период во кој платите ќе растат уште повеќе и ќе следува уште поголема грижа за сите. Пред нас се 4 години домашни реформи во кои ќе гледаме како земјата ни се трансформира кон подобро, 4 години во кои како држава многу повеќе ќе добиеме отколку што ќе дадеме.

Затоа е потребно секој од нас да се ангажира и да работи двојно повеќе, за целото општество да добие многу повеќе“, порачуваат од партијата, инсистирајќи дека новата Влада предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е составена од одговорни, чесни, отчетни и професионални кадри кои посветено ќе работат на реализација на зацртаните програми во своите ресори.

Прочитајте и:  СДСМ: Поразително е тоа што власта на ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо додека граѓаните дишат загаден воздух

„Како одговорна партија, во претходниот скратен мандат покажавме дека се водиме исклучиво од интересите на граѓаните и државата, тоа ќе го покажеме и во новиот, полн четиригодишен мандат. Ќе работиме уште повеќе, за да биде уште подобро за сите“, велат од СДСМ.

- Реклама -