„Двата прста на Изет Меџити решаваат дали ќе падне владата“

„Сабјата е во двата прста на Изет Меџити, кој треба да биде одлучувачки фактор покажувајќи им го местото на сите без разлика. Владата се гласа или паѓа со двата прста на Меџити#, напиша на Фејсбук Фатмир Лимани – Беќири, висок функционер во ДУИ, пренесува „Република“, откако денеска медиумите известуваат за незадоволство во редовите на ДУИ и одбивање на Изет Меџити (претседател на огранокот на ДУИ во Чаир) и Арбен Зибери (внукот на Насер Зибери, од огранокот во Сарај) да гласаат за Талат Џафери за спикер на Собранието, но со тоа и за формирање на владата.

„Човекот што ја врати победата во Скопје во своите раце ја има судбината и враќањето на yбиeната надеж кај младите луѓе!!! Единствениот кому му верувам“, напишал и синоќа Лимани на социјалните мрежи.

Прочитајте и:  Ден на албанската азбука: Ниту едно добиено право не може да се укине или ограничи - му порача Меџити на Уставен суд

Според информациите во медиумите, револтот меѓу дел од  членството, посебно во партиските ограноци во Чаир и Сарај, е поради назначувањето на едни исти луѓе (Артан Груби и Бујар Османи) на најважните функции, но исто така и поради предлогот Фатмир Бесими да е министер за финансии, бидејќи и неговиот брат е пратеник во новиот парламентарен состав.

Според последните информации, продолжението на конститутивната седница е одложено за утре напладне. Истата требаше да се одржи денес, но наводно е одложена поради партиски консултации кои сѐ уште се во тек. Од СДСМ тврдат дека нема никакви проблеми, пренесува „Нетпрес“.

- Реклама -