Јовановиќ: Ако економијата ви беше приоритет, немаше да ја препуштите на ДУИ

„Фатмир Бесими е добар економист. Има докторат од Британија, има работено во Народна Банка, уште пред да влезе во политика. Без дилема, многу поквалитетен од Нина“, пишува на Фејсбук Бранимир Јовановиќ, поранешен советник на ексминистерот за финансии Драган Тевдовски.

Според Јовановиќ, сепак, поважно од тоа што Бесими е квалитетен економист е тоа што со државните финансии ќе управува ДУИ. Според него, тоа не требало да се дозволи и е јасен знак на капитулација:

„ДУИ, кои откако ги сменија униформите за одела, гледаат само како да лапнат што е можно повеќе тендери, како да стават на државен платен список што е можно повеќе свои членови (по можност и да седат дома), како да поделат што е можно повеќе субвенции на свои гласачи, како да изградат што е можно повеќе дивоградби за своите бизниси.

Прочитајте и:  Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се хистерични

Во најголемата економска криза во поновата историја, кога илјадници луѓе остануваат без работа, кога многу мали фирми се на раб на затворање, кога економската активност паѓа повеќе од 10%.

Затоа, ве молам, немојте да зборувате за тоа како економијата ви била важна, како ќе сте се фокусирале на неа, како ќе сте обезбедиле економски развој. Наведнете глава и молчете, јасно ни е дека ве натерале да капитулирате“, пишува Јовановиќ.

- Реклама -